ФА остро го казни Клоп поради коментари за судиите по мечот со Вест хем

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше непримерни коментари на сметка на судиите по мечот со Вест хем, а тоа Фудбалската асоцијација на Англија реши да го казни.

Германецот доби казна од 45.000 фунти поради коментарите испратени кон судијата Кевин Френд.

„Слушнав дека голот бил во офсајд. Јас сум сигурен дека судијата го знаеше тоа“, кажа Германецот.

Токму тие зборови беа причина за ФА да реагира и да го казни Германецот, кој во иднина ќе мора да внимава што зборува пред новинарите.