Евертон остана во елитата, Брентфорд го шокира Сити, Арсенал пукна „петарда“ (ВИДЕО)

Возбудливо беше во последното коло од англиската Премиерлига, каде што беа решени многу дилеми, а пред сè кој останува во елитата. Евертон славеше со 1-0 против Бормут и обезбеди опстанок, додека Арсенал славеше со 5-0 против Вулверхемптон, а Брентфорд го изненади Манчестер сити со 1-0.

Дукуре беше човекот кој го реши мечот на „Гудисон парк“, кога во 57. минута погоди за 1-0 против Бормут, по што „карамелите“ успешно го одбранија водството до крајот на натпреварот.

Брентфорд го шокира шампионот со гол во 86. минута, кога Пинок го постигна единствениот гол на натпреварот.

Арсенал славеше со 5-0 против Вулверхемптон, а дури три гола постигна во првото полувреме, откако двапати погоди Џака, а Сака постигна уште еден гол. Во вториот дел Жесус и Кивиор го поставија конечниот резултат.

Во Лигата на шампиони следната сезона ќе играат Манчестер сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл, додека во Лига Европа ќе настапат Ливерпул и Брајтон, а Астон вила обезбеди место во Конференциската лига.

Од следната сезона во понизок ранг ќе ги гледаме Лестер, Лидс и Саутемптон.

Останати резултати:

Астон вила – Брајтон 2-1
Кристал Палас – Нотингем Форест 1-1
Лидс – Тотнем 1-4
Манчестер јунајтед – Фулам 2-1
Саутемптон – Ливерпул 4-4