„Еуроспорт“ знае каде ќе замине Меси следното лето!?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во претходните недели беше главна тема во светските медиуми, зашто се шпекулираше за неговата иднина, односно за неговиот план да ја напушти Барселона.

Меси побара од каталонскиот гигант да ја напушти Барселона по две децении, но тие не му дозволија, по што му пропадна идејата уште летово да си најде нова екипа.

Сепак, Меси од следното лето ќе биде слободен фудбалер, а шпански „Еуроспорт“ тврди дека знае каде ќе се пресели Аргентинецот. Според нив, негова следна дестинација ќе биде Манчестер сити.