Елмас по само една сезона во Наполи добива нов договор до 2025 година!

После само една година во Неапол, откако направи рекорден македонски трансфер од 16 милиони евра плус бонуси, бисерот Елиф Елмас ќе добие нов договор од Наполи за продолжување на соработката, најавија италијански медиуми.

Елмас во Наполи дојде во Фенербахче и засега остава силен впечаток, има еден гол и една асистенција во Калчото, но најмногу од сè кај наполитанците се презадоволни од начинот на кој игра, па затоа не оставаат ништо на случајот и веќе планираат нов договор.

Засега не е познато под кои услови Елмас би добил нов договор, колку тоа ќе значи во зголемување на платата, но и на откупната клузула, а се потенцира само дека Наполи сака да го врзе македонскиот бисер до 2025 година.

Македонскиот репрезентативец според многу најави од Апенините е во големите планови на Џенаро Гатузо, кој летово сака да направи реконструкција на тимот и да изгради нова екипа која ќе се бори за скудетото, откако сезонава една сериозна криза ги остави предвреме од трката за титулата, но и за ЛШ. За утеха сезонава, Наполи го освои Купот на Италија, што е прв трофеј на Елмас во неговата кариера.