Една добра и една лоша вест за ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Килјан Мбапе започна со лесни тренинзи, пренесува „Ле Парисиен“. Сепак, 20-годишниот Французин дефинитивно ќе ги пропушти следните два меча – против Стразбур и Реал Мадрид.

Фудбалерот се здоби со повреда на бутниот мускул во натпревар од 3.коло на шампионатот на Франција со Тулуз.

Но, после лошата следува и една добра вест за парижани. Имено, Марко Верати ќе го продолжи договорот со клубот. Според „Газета дело Спорт“, ПСЖ се договорил со 26-годишниот италијански репрезентативец за соработка до 2024 година. Од 2012 година, Верати е член на ПСЖ. За парижаните има одиграно 282 натпревари на сите турнири, постигнато девет голови и остварени 47 асистенции.