Еден од најголемите таленти на Барселона заминува во Порто

Барселона повеќе не им дава премногу шанса на играчите од својата академија со исклучок на Ансу Фати, па еден од најголемите таленти Рики Пуиџ ќе мора да оди на позајмица. 

Ова јасно го кажа и тренерот Роналд Куман, кој лично му соопштил на Пуиџ дека ќе мора да си замине за да добие минутажа. Во таборот на Барселона не може да му гарантира ништо.

Се појави и првиот клуб кој сака да го донесе шпанскиот младински репрезентативец во своите редови на позајмица, а тоа е Порто. Добро е познато дека многу млади фудбалери добиле драгоцено искуство во португалскиот фудбал, па можеби ова е идеална шанса за Пуиџ да напредува во кариерата.