Еден куп навивачи пред „Бернабеу“ го очекуваат промовирањето на Азар (ФОТО)

Реал Мадрид го урна сопствениот рекорд во овој преоден рок за трансфери, па тие досега ги ангажираа Еден Азар, Лука Јовиќ, Ферланд Менди, Еден Милитао и Родриго.

Најголемо засилување засега е Белгиецот, кој пристигна од Челси за трансфер, чија максимална вредност заедно со бонуси може да стигне до 150 милиони евра.

Белгиецот денеска од 19 часот ќе биде и официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“, а пред стадионот во Мадрид од 16 часот почнаа да се собираат навивачи.