
Еден гол за три големи бода, Бетис останува во игра за топ четири (ВИДЕО)
Единствениот гол се случи по три минути игра во второто полувреме кога Сабали шутираше, Иглесиас го смени правецот на движење на топката и таа заврши во мрежата на Мајорка за водство и победа на Бетис од 1-0.
Бетис до крајот на мечот рутински го контролираше водството и на крајот заслужено дојде до победата.
Тие се на петтото место со 45 бода, исто колку што има и Реал Сосиедад, но тие имаат и меч помалку.