Ѕвездите на Дортмунд го прекршија протоколот против Волфсбург (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд славеше со 2-0 против Волфсбург и го одржа чекорот со нивниот најголем ривал Баерн Минхен на табелата, но во центар на внимание беше акцијата за вториот погодок на „милионерите“.

Дортмунд со фантастична акција успеаа да ги изиграат противниците како „мали деца“ и да постигнат погодок за 2-0, по што фудбалерите го прекршија протоколот за прослава на погодоците во Бундеслигата.

Во секој случај, акцијата на „милионерите“ беше вистинско ремек-дело.