Ѕвездите на Челси исвиркани, Росениор им се извинуваше по срамниот пораз (ВИДЕО)

Челси нема по добро да го памети гостувањето кај Брајтон (0-3), со кое потврди дека се наоѓа во катастрофална форма, а петтиот пораз по ред дополнително ги налути навивачите на гигантот, кои бараат големи промени во клубот.

По поразот на „сините“ на гостувањето кај Брајтон, ѕвездите на Челси останаа на теренот при што беа исвиркани од сопствените навивачи, а тренерот Лијам Росениор реши да им се извини за новата катастрофа која му се случи на актуелниот светски шампион.