Ѕвездата на Салцбург за трансфер во Јунајтед: Многу сте е**но досадни

Ерлинг Халанд преку ноќ стана вистинска сензација, откако на два натпревари во Лигата на шампионите за Салцбург постигна дури четири голови, а последниот на „Енфилд“ против Ливерпул. 

Младиот Норвежанец има само 19 години и веќе неговото име се споменува со трансфер во Манчестер јунајтед. Сегашниот менаџер на „ѓаволите“, Оле Гунар Солшер му беше тренер во Молде. Самиот фудбалер изјави дека легендарниот голгетер е многу важна личност во неговата кариера, а со тоа само ги зголеми шпекулациите.

Иако само кратко време е познат во медиумите, вели дека му е здосадено да го прашуваат за трансфер во Манчестер јунајтед.

„Медиумскиот притисок е многу голем, но тоа е во ред. Клубот се обидува да ме заштити, но се плашам дека ќе треба уште повеќе од тоа, бидејќи ова станува неподносливо. Е**но му се здодаси од тие приказни за трансфер во Манчестер јунајтед. На листа од 1 до 10, моментално ми е досадно 9,9“, изјави Халанд. 

Голгетерот сезонава има постигнато дури 18 голови на само 11 натпревари во сите конкуренции.