Ѕвезда на Баерн оздраве од ковид-19, па му открија – срцеви проблеми

Канадската ѕвезда во Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис оздраве од ковид-19, откако Баерн Минхен пред неколку дена објави дека на почеток на месецот тој бил позитивен на корона-тестот, но проблемите за левиот бек допрва почнаа откако Баварците после задолжителните лекарски прегледи открија дека сега има срцеви проблеми.

Дејвис веќе некое време не тренираше со Баерн, а сите очекуваа дека многу брзо ќе се приклучи на првиот тим, но кога тоа ќе се случи засега тешко е да се претпостави откако тренерот Јулијан Нагелсман откри дека фудбалерот има миокардитис.

Баерн потврди дека Дејвис има благ миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул, па Канаѓанецот сега ќе мора на дополнителни прегледи и под најстрог надзор на лекарите, што значи дека уште некое време ќе биде во аут зашто во Баерн не сакаат ни најмал ризик со фудбалерот.