Два мајсторски гола на Барди, Трабзонспор ја распарчи Касимпаша (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна два гола во победата на Трабзонспор од 5-1 против Касимпаша во четвртото коло од турската Суперлига.

Дестан го отвори резултатот во 15. минута, по што Барди од 20 метри го матира голманот Јаниотис за водство од 2-0, додека Бенковиќ во четвртата минута од судиското надополнување на првиот дел зголеми на 3-0.

Касимпаша доживеа нов удар во 64. минута, кога Барди испрати вистинска „бомба“ за предност од 4-0, додека Гурпуз во продолжение зголеми на 5-0, а конечните 1-5 ги постави Клаудио Винк во 85. минута.

Трабзонспор со втората победа сезонава скокна до третото место и има шест бодови, додека лидер останува Ризеспор со седум бода.