Два италијански гиганти со понуда за Матс Хумелс

Матс Хумелс по завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен агент, бидејќи ќе му истече договорот со Борусија Дортмунд. 

Дефанзивецот има 35 години, но поради феноменалните игри сезонавата за „милионерите“ привлече големо внимание од странските клубови. Германецот нема одлучено дали ќе продолжи во Дортмунд или можеби ќе сака да се испроба во странство кон крајот на својата кариера. Наводно Милан и Јувентус се подготвени да му понудат двегодишен договор на ветеранот со можност за продолжување на уште една сезона. 

Милан летово се простува од Симон Кјер па во Хумелс гледа идеална замена кој би бил лидер и ментор на помладите играчи во дефанзивата. 

Германските медиуми шпекулираат дека исто како и Тони Крос и Хумелс размислува за пензија, додека и натаму игра на високо ниво.