Дури 10 позитивни случаи на Ковид-19 во Премиерлигата

Премиерлигата објави дека вкупно 10 фудбалери и членови на стручниот штаб биле позитивни на коронавирусот при последното тестирање. Ова е зголемување на вкупната бројка откако на тестирањата во последните три недели имаше само три, односно четири позитивни случаи. 

Ова воедно е и највисока бројка на позитивни случаи во Премиерлигата при едно тестирање. 

„Премиерлигата може да потврди дека од понеделник 21 септември до недела 27 септември направени се 1.595 тестови и позитивни се 10 лица. Сите мораат во изолација на 10 дена“, стои во соопштението на англиската фудбалска лига.