
Драма во Монца: Јуве прими гол во 91. минута, па даде за - победа (ВИДЕО)
Составот од Торино поведе уште во 12. минута, кога Рабио успешно ја исправи грешката на Влаховиќ кој промаши пенал. Гостите ја имаа контролата врз играта се до крајот и кога сите очекуваа мирен финиш дојде до пеколно судиско продолжение. Прво Каарбони изедначи во 91. минута, со што донесе еуфорија кај домашните навивачи, која траеше многу кратко. Јунак кај гостите беше Федерико Гати, кој успешно погоди по асистенција на Рабио во четвртата минута од судиското продолжение.
Јувентус со оваа победа барем привремено се искачи на првото место во италијанската елита со 33 бодови, еден повеќе од Интер, кој има и натпревар помалку, задутрешниот на гости кај шампионот Наполи.