Драма во Англија: Ограбена куќата на Грилиш додека тој играше против Евертон!

Крадци ја ограбиле замокот на англискиот фудбалер Џек Грилиш додека тој играл во дресот на Манчестер Сити против Евертон и тоа додека во куќата било неговото семејство, а украле часовници и накит во вредност од два милиони евра.

Грилиш и неговата свршеница Саша Атвуд пред само неколку дена се вселиле во имот во Чешир вреден седум милиони евра, каде што го прославија Божиќ, по што тој морал да го напушти нивниот дом поради натпреварот од Премиер лигата. Неговата свршеница ги поканила родителите, бабата, двете сестри и братот во реновираниот дом, во кој имало алармен систем и чувари, а купиле и специјални кучиња-чувари.

Додека го следеле натпреварот помеѓу Сити и Евертон (3-1) слушнал удар во куќата, по што го притиснале безбедносниот аларм за паника, кој веднаш ја алармирал полицијата. За тоа време се криеле и чекале полиција, но додека се треселе од страв, крадците успеале да дојдат до вредните предмети и да избегаат пред да дојде полицијата! Според англиските медиуми, разбојниците од луксузната вила со себе однеле часовници и накит во вредност од околу два милиони евра. За среќа, никој не е повреден, но сите се уште се во шок.

Грилиш за грабежот дознал неколку минути по крајот на натпреварот во кој ги одиграл сите 90 минути. Тој и неговата свршеница за да побегнат од градската гужва и лудите обожаватели пред една година го купиле огромниот имот во Чешир на кој има хелидром, езеро за пловење и риболов, винарска визба, тениски терени, терени за голф, па дури и фудбалско игралиште. Сето ова се наоѓа околу нивната вила со седум соби, во која се вселиле дури неодамна по деталното реновирање.