Драма на теренот: Страшен судир меѓу фудбалер и голман во Турција (ВИДЕО)

Галатасарај славеше со 3-1 против второлигашот Истанбулспор во турскиот куп, меѓутоа резултатот падна во сенка поради судирот меѓу фудбалер и голман на почетокот на второто полувреме.

Ахмед Кутучу од Галатасарај се судри со голманот Иса Доган, при што двајцата треснаа на тревникот, а фудбалерот остана без свест, додека голманот се превиткуваше од болка.

Останатите фудбалери мораа да реагираат и да му го извлечат јазикот на фудбалерот за да не се задуши, по што пристигнаа и медицинските екипи.

Инцидентот може да се погледне на видеото ТУКА.