Драгушин не сакал да го погази дадениот збор па го одбил Баерн и се сели во Премиерлигата!

Заврши сагата дефанзивецот на Џенова, Раду Драгушин кој беше мета на неколку големи клубови, Романецот се сели во Тотнем, тоа е неговиот конечен избор.

Баерн Минхен доцна синоќа се обиде да го украде Раду Драгушин и понуди 31 милиони евра сосе бонуси.

Сепак, „баварците“ извисиле бидејќи дефанзивецот претходно прифатил трансфер во Тотнем и не сакал да го погази дадениот збор.

Па голем број на извори пренесуваат дека Раду Драгушин сега ќе патува во Лондон на лекарски прегледи и да ја комплетира зделката.

Тотнем на крајот ќе плати исто колку и предлогот на Баерн Минхен, односно 25 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси. „Спарси“ исто така ќе го испратат Џед Спенс на позајмица во Џенова, и ќе ја покријат целата негова плата.