Дортмунд е во криза - се распадна против Кил!

Борусија Дортмунд продолжи со ужасните резултати во Бундеслигата, па така го запиша вториот пораз по ред во шампионатот, откако загуби на гостувањето кај Холштајн Кил со 2-4.

„Милионерите“ игра амногу лошо во првите 45 минути, по кои им се закануваше вистински „потоп“ затоа што на полувремето заминаа со негатива од 0-3. Головите за домаќинот ги постигнаа Мачино, Харес и Бернхардсон.

Дортмунд почна да се буди во завршницата од дуелот, па со два погодоци за само шест минути преку Рејна и Гитенс намали на 2-3, меѓутоа гостите немаа сила и за трет погодок по што пристигна казната преку Арп во осмата минута од судиското надополнување.

Кил ја запиша третата победа во шампионатот и има 11 бодови на претпоследната позиција, додека Дортмунд е на деветто место со 25 поени.