Димитриевски со умешни одбрани му „откина“ два бода на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, беше еден од најзаслужните што неговит Рајо Валјекано остана непоразен во денешната пресметка на домашен терен против фаворизираниот Реал Мадрид (1-1).

Тој прими гол по само три минути, по една пеколна контра на противникот што беше завршена од Хоселу, но тоа не го спречи потоа да биде на висина на задачата против „кралевите“. Димитриевски во второто полувреме имаше неколку умешни одбрани, меѓу кои дури и шпанската Ла Лига ја потенцира таа во 60. минута, кога го спречи Хоселу да го постигне вториот погодок. Стрелец на изедначувачкиот гол за домаќинот беше некогашниот член на Реал, Раул Де Томас, кој реализираше пенал што беше негов прв погодок сезонава. Ова воедно беше и прв казнен удар против Реал Мадрид сезонава, па сега единствен тим против кој немало пенал во Ла Лига сезонава е Барселона.

Рајо Ваљекано стигна до 25 бода и останува на четиринаесеттото место, додека Реал Мадрид е актуелен лидер во Примера и сега има 61 бод, шест повеќе од Жирона, која има и меч помалку.