Димитриевски имал среќа - повредата не е тешка, утре се враќа во тимот

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски поминал со полесна повреда и наскоро ќе се врати во тимот на Валенсија, соопштија денеска шпанските медиуми.

Пред неколку дена тој го повреди левото рамопоради кое не можеше да тренира и да игра пријателски натпревар, но се очекува да се врати утре, а в сабота да биде во комбинација за дуелот против Борусија Менхенгладбах во Германија. Рехабилитацијата оди побрзо од најавите што е добро и за Димитриевски кој се бори за место во почетната постава на Валенсија.

Ако се биде во ред, а со оглед на заминувањето на Мамардашвили во Ливерпул, нашиот репрезентативец би требало да биде прв избор за голманската позиција.