Димитриевски ги мина лекарските тестови, се чека официјална промоција во Валенсија!
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека тој веќе ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од Местаља. Наводно, неговиот договор ќе биде со важност до 2028 година, а Димитриевски ќе биде прв голман на Валенсија бидејќи Мамардашвили најверојатно ќе си замине.
Шпански портали денеска пишуваат и дека Валенсија по секоја цена го сакала Димитриевски во своите редови, без разлика што ќе се случи со Мамардашвили претстојното лето. Грузиецот има понуда од Њукасл, но уште ништо не е договорено.