
Ди Марија се враќа во Ла Лига, потпишува за најголемиот ривал на Реал Мадрид!?
Анхел Ди Марија нема да го продолжи договорот со Јувентус, летово како слободен играч ќе си замине од Торино.
Последните информации велат дека би можел да стави потпис на договор со Барселона.
Ди Марија четири сезони го носеше дресот на Реал Мадрид, а сега би можел да стане играч на нивниот најголем ривал, Барселона.