Детето кое го воодушеви Мурињо имаше ручек со екипата на Тотнем (ФОТО)

Калум Хејнс, 15-годишното момче од Лондон, ги живее најубавите моменти од својот живот. Ова дете се најде во центар на внимание минатиот викенд на мечот од Лигата на шампиони против Олимпијакос.

Жозе Мурињо беше пресреќен затоа што му помогна момчето при голот за 1-2, откако брзо реагираше и му ја додаде топката на фудбалерот на Тотнем.

Мурињо по мечот го пофали Калум, кој потоа кажа дека е пресреќен затоа што му помогнал на својот тим.

Денеска 15-годишното дете имаше шанса да присуствува на ручек со првиот тим на лондонската екипа и притоа ги запозна најголемите ѕвезди.