Дејан Илиев одличен за Серед: Одбрани пенал во победата над Трнава (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев денеска беше одличен на голот на словачки Серед, откако успеа да одбрани пенал и тоа во клучен момент во 27-та минута за да ја спречи Трнава да израмни, а неговиот клуб со 2-1 славеше победа за трет сезонски триумф и седмо место на табелата.

Илиев му одбрани пенал на Митреа, дваесет минути откако Серед дојде до водство преку Моронг, а по еден час игра Ба Тидиане ја дуплираше предноста и практично го однесе тимот до победата. Митреа на 12 минути до крајот успеа да му даде гол на Илиев, но четвртопласираната Трнава до крајот не успеа да се спаси од пораз.

Илиев во Серед е на едногодишен заем од Арсенал и е стандарден во тимот на македонскиот стратег Славчо Војнески.