Де Хеа бара гаранции од Манчестер јунајтед за да потпише нов договор!

Шпанската единица во Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, кој во последно време прима голови од каде стигне, е заглавен во преговорите со актуелниот клуб за продолжување на соработката поради барањата за енормно голема плата од половина милион фунти неделно.

Но, англиските меидуми, според одредени информации дознале дека Де Хеа е подготвен за компромисно решение и плата од 350 илјади фунти неделно, ама за нов договор има други услови, односно – бара гаранции.

Осма сезона Шпанецот е на „Олд Трафорд“, откако дојде во Атлетико Мадрид и досега освои само една премиерлигашка титула и двапати играше четвртфинале во ЛШ, што за него тоа е премалку. Сега бара гаранции од управата на клубот, дека Манчестер јунајтед ќе направи тим, не кој ќе се бори за постојано учество во ЛШ, туку тим за многу поголеми дострели.
Де Хеа сака екипа со која ќе може да ги нападне трофеите и барем еден во сезона да освојува со „црвените ѓаволи“. Останува нејасно до кога Јунајтед треба да му даде „гаранции“ и како тоа ќе му го гарантира, но останува опцијата дека после јуни 2020, Де Хеа можно е да заврши во ПСЖ, ако не и летово на година пред истекот на договорт.

Најавено е дека Манчестер јунајтед ќе потроши 290 милиони евра, што е клупски рекорд, за летниот преоден рок. Дали засилувањата ќе бидат доволни да се убеди Де Хеа да ја продолжи соработката, останува да се види.