Црните прогнози се остварија, Милитао ги скина лигаментите на коленото!

Нови главоболки за Карло Анчелоти кога повредите се во прашање, заврши сезоната за дефанзивецот Едер Милитао.

На денешниот меч против Осасуна, Милитао се повреди и излезе од игра по само половина час. Уште тогаш стана јасно дека веројатно се работи за тешка повреда, а сега тоа е потврдено.

Реал Мадрид потврди дека Милитао ги скинал лигаментите и ќе биде подложен на операција, по што ќе го почне долгиот процес на рехабилитација. За него сезоната веќе е завршена.

Ова е втора таква повреда за Реал Мадрид оваа сезона, претходно лигаменти скина и Карвахал.