Циркузи: Првакот на Чешка со само три дена тренинзи ќе ја продолжи сезоната!?

Чешка беше меѓу првите земји што најавија дека пред крајот на месецов ќе ја рестартираат својата лига и ќе го доиграат остатокот од сезоната, но среде почеток на подготовките, првакот Славија Прага, учесникот во Лигата на шампионите се најде во проблем – се покави Ковид-19 во нивните редови.

Поради позитивен случај целиот тим мораше да оди во карантин и сега откако истекоа 14-те дена инкубација, а ниту еден друг не покажа симптоми, извршеното тестирање покажало дека фудбалерите се негативни, а со тоа ќе може да се вратат на тренинг.

Само проблем е што ќе имаат едвај три дена да тренираат пред да ја продолжат сезоната и одбраната на титулата, бидејќи првенството однапред беше закажано за рестарт на 26 мај.

„Фудбалерите на Славија се тестирани и сите се негативни на коронавирус, па ќе ги продолжат тренинзите со одобрение на здравствените власти“, објавил Јарослав Тардик, челник на клубот.

На првото тестирање во Чешка, беа извршени тестови на 1.442 фудбалери во двете лиги и само двајца беа позитивни, еден во Славија, а еден во Млада Болеслав. Славија ќе има втора рунда тестови во понедлиник, а во доигрувањето на сезната влегува со осум бода предност пред Викторија Плзен, додека прв меч на програмата им е тој во вторник со Млада Болеслав.