ЦИЕС: Елиф Елмас вреди – 70 милиони евра! (ФОТО)

Македонскиот дијамант Елиф Елмас вреди 70 милиони евра, објави фудбалската опсерваторија и истражувачки центар (ЦИЕС) во последната анализа на вредноста на фудбалерите до 23 години во најсилните пет лиги на светот.

Елмас кој пред две ипол години дојде од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра плус бонуси, според ЦИЕС, е највредниот млад фудбалер во италијанската Серија А, заедно со холандскиот стопер Матијс Де Лихт од Јувентус, па двајцата имаат проценета вредност според опсерваторијата од по -70 милиони евра.

Елмас е втор највреден во европски рамки на позициите дефанзивен фудбалер за врска, а колку него вредност имаат и две премиерлигашки ѕвезди и англиски репрезентативци, Куртис Џонс од Ливерпул и Деклан Рајс од Вест Хем, а највреден на оваа позиција е Џад Белингем од Борусија Дортмунд, инаку и тој англиски репрезентативец.

Зад Елмас е француската ѕвезда од Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, Италијанецот Сандро Тонали.

Највредни млади фудбалери се Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор и Фил Фоден со по 150 милиони евра, а Мејсон Гринвуд, Флоријан Вирц и Педри имаат вредност од 140 милиони евра.

Елмас во последниот период ја набилда својата цена, во голема мера и со настапите за Македонија, дебито летово на Еуро 2020, како и со двата гола со кои црвено-жолтите дојдоа до мундијалски бараж за СП во Катар догодина, ама и поради информациите минатиот месец дека Реал Мадрид и Барселона веќе сериозно го следат и дека има интерес да го ангажираат.