Чурлинов тргна со гол во новата сезона во убедливиот куп-триумф на Штутгарт (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одлично ја почна новата сезона за германскиот бундеслигаш Штутгарт, откако даде еден од шесте гола на неговиот тим за победа на стартот на Купот на Германија во триумфот со 6-0 против БФЦ Динамо.

Чурлинов го даде последниот шести гол на мечот на две минути пред крајот за да ја запечати убедливата победа на неговиот тим, а овој погодок е мотив повеќе за уште подобри настапи на талентираниот македонски репрезентативец кој ќе продолжи да игра за А-репрезентацијата, откако беше дел од неа на дебито на Европското првенство летово.

Македонското крило во игра денеска влезе во 66-та минута од мечот.