Челси сигурен против Њукасл, Тотнем едвај освои бод со Вотфорд (ВИДЕО)

Челси успеа да слави на „Стемфорд бриџ“ со 1-0, па така се искачи до третата позиција во Премиерлигата, додека нивниот ривал од Лондон, Тотнем едвај освои бод против Вотфорд (1-1), откако речиси цел меч имаше негатива од 0-1.

Њукасл се покажа како тврд противникот во првото полувреме на гостувањето во Лондон, па „сините“ не искористија неколку добри шанси.

Во второто полувреме Њукасл повторно играше цврсто во одбрана, па голманот на Њукасл одбрани неколку добри удари на Челси.

Сепак, гостите беа немоќни при ударот на Маркос Алонсо, кој погоди за 1-0, а тоа се покажа како конечен резултат на крајот.

Останати резултати:

Астон Вила – Брајтон 2-1
Борнмут – Норвич 0-0
Лестер – Барнли 2-1
Тотнем – Вoтфорд 1-1
Вулверхемптон – Саутемптон 1-1