Челси се посрамоти во Лондон: Јунајтед обезбеди четвртфинале во ФА-купот! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го совлада Челси со 2-0 на „Стемфорд бриџ“ во ФА-купот во осминафиналето и така обезбеди пласман во наредното коло.

Челси одигра уште еден очаен натпревар, а прашањето за победникот беше решено уште по првите 45 минути, откако Андер Ерера во 31. минута погоди за 1-0, а Пол Погба во 45. минута зголеми на 2-0.

Домаќините немаа многу шанси ниту во второто полувреме, па Јунајтед го одржа водството и на крајот славеше со 2-0, па обезбеди пласман во четвртфиналето.

Навивачите на лондонскиот гигант повторно почнаа на социјалните мрежи да ги критикуваат фудбалерите и бараат отказ на Маурицио Сари, а сега е на потег управата на Челси, но дефинитивно последните резултати не се прифатливи за поранешниот англиски шампион.