
Челси ќе плати за Санчо без разлика дали ќе го откупи или ќе го врати на Јунајтед!
Санчо игра на позајмица во Челси до крајот на оваа сезона, а лондонскиот клуб уште размислува што да направи со него.
Челси има опција да го откупи целосно за 25 милиони фунти.
А ако не ја искористи таа опција ќе треба да му плати на Јунајтед 5 милиони фунти и да го врати Санчо.
Изборот е дали да платат 25 милиони и да го задржат или да платат 5 милиони и да го вратат.