Челси и Тотнем по пенали стигнаа до осминафинале во Лига Купот (ВИДЕО)

Лондонските екипи Челси и Тотнем обезбедија осминафинале во Лига Купот, откако и двата гиганти беа подобри на пенали од нивните ривали Астон вила и Вулверхемптон.

Челси имаше водство со голот на Вернер, но Арчер со одличен гол со глава го матираше Кепа за 1-1, по што на пенал-рулетот поуспешни беа „сините“ кои погодија четири од пет удари од белата точка.

Тотнем водеше со 2-0 со головите на Ндомбеле и Кејн, но „волците“ се вратија од „мртвите“ преку Дендокер и Поденс (2-2), по што на пенали Вулверхемптон беше ужасен и промаши три пенали за пораз од лондонскиот ривал.