Чави во новиот договор со Ал Сад има опција да се врати во Барселона

Откако денеска Чави Ернандез потпиша нов договор со катарскиот клуб Ал Сад, шпански „Мундо Депортиво“ открива дека 40-годишниот Каталонец има клаузула што ќе му овозможи да замине во Барселона.

Поранешниот капитен на Барселона го предводи тимот од Доха од 2019 година, откако мина четири сезони во клубот како играч. Под негово водство, екипата го освои 3. место во националниот шампионат.

Инаку, Чави е едно од имињата што постојано се споменува кога е во прашање наследникот на Кике Сетиен, кој има очајни резултати во последно време со каталонскиот гигант.