
Чави: Сакам Меси да дојде, имам направено и тактички план како ќе играме со него
Што се однесува до иднината на Меси, јасно е само дека тој ќе го напушти ПСЖ и во следната сезона ќе има друг клуб. Силно се шпекулира дека ќе се врати во Барселона, но има голема понуда и од Саудиска Арабија.
„Му кажав на претседателот дека враќањето на Меси има смисла. Без никаква сомнеж, тој е перфектен за нашиот систем и идеја. Имам тактички план на ум како ќе играме со Меси“, вели Чави.
„Од Меси зависи, мислам дека тој треба да одлучи. Да, зборувам со Меси“.