Бура во Мадрид: Капитенот најавил дека го напушта Реал!?
Карвахал не е задоволен од минутажата која ја добива оваа сезона, односно настапи само на седум меча и одигра 376 минути, па поради тоа најавил дека ќе замине идното лето.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека голема е можноста искусниот дефанзивец да го напушти „кралскиот клуб“, а засега не се открива каде би ја продолжил кариерата.
Шпанецот ја почна кариерата во младинските категории на Реал, по што една сезона помина на позајмица во Баер Леверкузен, а од 2013 година е член на првиот тим на „кралевите“.
Фото: Facebook/Real Madrid CF