„Бунтовникот“ Санчо во јануари доаѓа во Барселона?

Џејдон Санчо за 90 милиони евра дојде до Манчестер јунајтед пред две лета, но не покажа ништо, па заврши во резервниот тим под казна за недисциплина, откако јавно го нападна менаџерот Ерик Тен Хаг и поради оваа ситуација во јануари веќе извесно е дека ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Според информации од Каталонија, Барселона прва загризала за да го земе Санчо и нечелно почнала првични контакти, но засега нејасно е како среде финансиска криза би успеале во намерата, освен на заем, па потоа да се договорат со „ѓаволите“ за евентуелен откуп.

Санчо е под договор со Јунајтед, но во догледно време нема да заигра за првиот тим, барем додека е Тен Хаг на кормилото. Целиот хаос со „бунтовникот“ почна после поразот од Арсенал, кога Тен Хаг рече дека Санчо не бил во конкуренција зашто слабо тренирал.
Следеше одговор на англискиот репрезентативец со статус „не верувајте во сѐ што ќе прочитате“ и потоа беше донесена одлука тој да биде прекомандуван во вториот тим.

Англиското крило во Јунајтед дојде од Борусија Дортмунд.