Бунт во „Фиат“: Подобро да ни ги зголемеа платите, отколку да го купуваат Роналдо!

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо е пред доаѓање во Торино, во таборот на италијанскиот великан Јувентус, нешто што веќе цела недела фудбалскиот свет го „тресе“ вистински земјотрес со џиновскиот трансфер вреден 100 милиони евра.

Меидумите веќе најавија дека постои договор на Роналдо и Јувентус, дека Реал ја прифаќа понудата од „старата дама“, дека Роналдо веќе ги минал лекарските прегледи и дека ќе добие 120 милиони евра за четири сезони. И додека сите навивачи на Јувентус паѓаат во транс затоа што во нивниот тим доаѓа најдобриот играч во моментов, работниците во „Фиат“ не се најсреќни за трансферот на Португалецот.

Се појавија информации дека голем дел трансферот ќе го финансира најпознатата италијанска автомобилска компанија, која е спонзор на Јувентус со децении, сооглед дека е во сопственост на семејството Ањели. Но, работниците во „Фиат“ баш и не се воодушевени за овој бизнис потег на комапнијата, затоа што цела деценија тие не добиле зголемување на платата. Па сега во „Фиат“ дури има и – тивок бунт!

„После Игуаин, сега ни доаѓа Роналдо. Ова е срамно. Работниците во 'Фиат' десет години не добиле зголемување на платата, а сега тие ќе го носат Роналдо. А, со платата на Роналдо секој работник може да добие по 200 евра покачување на месечно ниво“, рекол Герардо Јаноне, еден од вработените во автомобилскиот гигант.

Сепак, најголемиот дел од италијанската јавност верува дека доаѓањето на Роналдо е голема работа за фудбалот на Апенините, дека Јувентус добро ќе заработи, па на долг рок и ќе ги извади парите што ќе ги инвестира за Португалецот, а дека сето тоа може да има ввлијание и на италијанската економија.