Бугарин уапсен на „Вембли“: Расистички го навредувал Рахим Стерлинг

Рахим Стерлинг бил цел на расистички навреди од еден навивач на Бугарија за време на натпреварот со Англија одигран на „Вембли“ во евроквалификациите. 

Еден од стујардите го слушнал Бугаринот како го навредува Стерлигн на расна основа и веднаш го пријавил. Лицето веднаш било исфрлено од стадионот и предадено на полицијата.

Од таму потврдуваат дека уапсено е лице на 24-годишна возраст по сомнение за недолично однесување. Откако бил испрашан во полицијата, Бугаринот бил ослободен без никакви обвинувања.

Фудбалската асоцијација на Англија исто така го потврди инцидентот и најави дека секој кој ќе ги прекрши правилата на „Вембли“ ќе биде исфрлен од стадионот и предаден на полицијата. 

Ова не е прв пат Рахим Стерлинг да биде цел на расистички напади, бидејќи во овој квалификациски циклус беше навредуван и од навивачите на Црна Гора на мечот одигран во Подгорица.