Бразилецот почна да „глуми лудило“: Кутињо лошо се однесува на тренинзите!

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо летово ја напушти Барселона и се пресели во редовите на Баерн Минхен.

Кутињо требаше да биде големо засилување за Барселона, но не успеа да се снајде во каталонскиот клуб, а по нешто повеќе од една година реши да го смени клупскиот дрес.

Бразилецот потпиша за Баерн ова лето, пристигнувајќи на едногодишна позајмица, со тоа што „Баварците“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор следното лето.

Кутињо се препороди откако дојде во Минхен и одигра неколку одлични партии. Многумина рекоа дека Баерн е многу задоволен од неговата игра и сигурно ќе го откупи неговиот договор од Барселона, но се чини дека не е сè идеално.

„Мундо Депортиво“ објави дека во Баерн не се многу заинтересирани од однесувањето на Кутињо на тренинзите. Наводно, тие не се задоволни од посветеноста на Бразилецот за време на тренинзите, иако тој покажува одлични игри на теренот.

Во Баерн се уште не се сигурни дали ќе го откупат неговиот договор и некако веруваат дека тој сè уште не го дал својот максимум. Челниците на Баерн стравуваат дека Кутињо не бил навикнат да живее во Германија, за што би можел да се врати во Барселона, што во тој случај тимот од „Ноу Камп“ веројатно ќе го продаде во друг клуб.