Брајтон на „Олд Трафорд“ му одржа лекција на Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)
Минтех го отвори резултатот по само пет минути игра, додека Бруно Фернандеш во 23. израмни со гол од пенал.
До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот. Брајтон во вториот дел беше подобар противник и тоа го покажа со гол на Митома на истекот на еден час игра. Седум минути претходно видовме и еден поништен гол на Жоао Педро.
За конечните 1:3 се погрижи Рутер со погодокот во 76. минута.
Ефикасно беше и на останатите две средби во кое Евертон го совлада Тотнем со 3-2, додека Нотингем продолжи со добрите настапи и го совлада последниот тим во Премиер лигата, Саутемтон, исто така со 3:2.