Бормут со 3-1 го освои „Сент Мери“ за прв пат во историјата (ВИДЕО)

Бормут славеше со 3-1 на гостувањето кај Саутемптон во рамки на 6.коло во Премиерлигата. 

Нејатан Аке беше стрелец на првиот гол за гостите, а Хери Вилсон зголеми на 0-2. Во 52-та минута „светците“ намалија откако Џејмс Ворд-Праус погоди од белата точка, но во судиското продолжение Калум Вилсон стави точка на победата на гостите. 

За Бормут ова беше прв триумф во историјата на гостувањето кај Саутемптон. Претходно на 15 гостувања имаше шест ремија и девет порази.