Борбата за европските купови не е готова: Валенсија освои важни бодови во Памплона!

Валенсија сè уште се надева на место во европските купови, откако вечерва славеше против Осасуна во Памплона со 1-0 и освои три бодови.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Алмеида во 18. минута, по што Осасуна тргна во целосна офанзива, но не успеа да најде начин како да го матира Мамардашвили.

„Лилјаците“ во моментов имаат 47 бодови на седмата позиција во Ла Лига, односно три помалку од Реал Сосиедад со кој ќе води битка за место во пласман во Конференциската лига.