Бонус од два милиони фунти за Мурињо ако го пласира Тотнем во ЛШ

Предводникот на премиерлигашот Тотнем, Португалецот Жозе Мурињо, ќе добие бонус од два милиони фунти доколку успее да го пласира својот тим во Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, оваа задача не изгледа лесна, бидејќи во моментов лондонскиот тим заостанува девет бода од четвртото место на табелата во Премиер лигата.

Ситуацијата дополнително се искомпликува по повредата на првата sвезда во тимот, Хари Кејн, кој воедно е и најдобар стрелец на лондончани. Сепак, Мурињо веќе започна да го засилува својот тим, откако пред еден ден пристигна Жедсон Фернандеш. Кшиштоф Пјонтек, кој треба да го замени Кејн, исто така се очекува наскоро да пристигне во Лондон.

Покрај првенството, Мурињо има уште една шанса да го квалификува Тотнем да се натпреварува во најпрестижната клупска трка, но да го стори тоа, Спарс треба да ги подобрат своите перформанси од минатата сезона, кога стигнаа до финалето, а овој пат да го освојат трофејот во Лигата на шампионите.