„Бомба“ во Италија: Јувентус купува еден од најдобрите голмани во светот!?

„Тајмс“ пишува дека Јувентус е заинтересиран за услугите на голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, кој има договор до 2020. година и не сака да ја продолжи соработката со англискиот гигант.

Шпанецот порано се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но тоа повеќе не е опција, а во игра за неговиот потпис се Јувентус и Барселона.

На Јувентус не му се брза, па наводно би можел да го убеди Де Хеа да почека до 2020. година и потоа бесплатно да се пресели во Торино.

„Старата дама“ направи многу вакви трансфери, а Шпанецот наводно бил заинтересиран да заигра во италијанскиот клуб, кој има фантастичен состав.

Сепак, доколку Де Хеа не го продолжи договорот, Јунајтед најверојатно ќе се обиде да го продаде, а се зборува дека ќе бараат 100 милиони евра за него, но тоа е нереално бидејќи на него му останува уште малку од соработката со „црвените ѓаволи“.