„Бомба“ од Шпанија: Левандовски ќе си замине од Барселона!?

Новинарот Хозе Алварез, кој се повикува на извори од Барселона, тврди дека каталонскиот гигант сериозно размислува да се ослободи од полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Полјакот е во криза и игра многу послабо во однос на претходните сезони, а тренерот Чави Ернандез сметал дека Левандовски не можел да го следи ритамот на своите соиграчи.

Оваа приказна дополнително ги активира шпекулациите дека Витор Роке доаѓа во јануари, наместо во летниот преоден рок.

Планот бил Роке да учи од искусниот Левандовски до крајот на сезоната, по што Полјакот ќе ја напушти екипата, а младиот напаѓач ќе го преземе неговото место.