Бохум го шокираше Баерн на Алијанц арена, пораз и за Леверкузен! (ВИДЕО)

Ден на изненадувања во Бундеслигата, Баерн Минхен на домашен терен беше поразен од Бохум со 3-2, а Вердар исто така на гостински терен беше подобар од Баер Леверузен.

Баерн Минхен прокоцка предност од 2-0, а во тој период имаше и не реализиран пенал.

Гереро во 14. минута донесе водство на Баерн од 1-0, а осум минути подоцна Гнабри шутираше од белата точка, но не погоди.

Сепак во 28. минута Баерн даде втор гол, Гереро пак погоди овојпат за 2-0.

Три минути подоцна Медиќ го намали водството на Баерн, а пред крајот на првиот дел Палиња доби директен црвен, баварците останаа со фудбалер помалку.

Тоа го искористи Бохум и најпрво со гол на Сисоко во 51. минута изедначи на 2-2, а Беро во 71. минута погоди за победа на гостите од 3-2.

Баер Леверкузен не го искористи поразот на Баерн за да ја намали предноста, тимот на Алонсо исто така загуби дома, Вердер ги победи со 2-0.

Вердер со гол на Шмид во седмата минута поведе со 1-0, а Њунмах во 94. минута ги постави конечните 2-0.

Домашен пораз забележа и Борусија Дортмунд која со 1-0 загуби од Аугсбург.

Немаше победник на мечевите Холстен Кил и Штутгар 2-2, и Волфсбург и Сент Паули 1-1.