Бивш фудбалер на Севилја се обидел да подмити полицајци (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Квинси Промес си создаде сериозни проблеми, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи како се обидува да даде мито на полицајци.

Пред една година, поранешниот фудбалер на Севилја влегол во полициска станица за да ги убеди полицајците да ги ослободат неговите пријатели.

Промес се пријавил во полициска станица кога дознал дека неговите пријатели се приведени поради сомнеж дека имаат дрога.

Фудбалерот понудил пари во замена за слобода за пријателите, но наместо тоа ќе си добие кривична пријава.